Belinka Oil Food Contact

Belinka маслото за контакт со храна е средство за импрегнација базирано на рафинирани растителни масла со додадени ароматични масла и други адитиви, наменето за заштита и одржување на масивни и фурнирани дрвени површини во просториите за живеење. Соодветно е за површини кои се во контакт со храна или се наменети за подготовка или сервирање на храна.

  • безбојна био импрегнација
  • за заштита и одржување на дрвени површини што доаѓаат во контакт со храна
  • импрегнацијата се апсорбира длабоко во дрвото ја и ја прави површината отпорна на вода

Се употребѕва за импрегнација и одржување на големи и фурнирани дрвени површини што се употребуваат за подготовка и сервирање на храна (кујнскa работна површина, маса, количка за послужување, итн.).

Површините премачкани со Belinka Oil Food Contact подоцна треба да се премачкаат со истиот производ. Потребниот временски интревал на одржување зависи од видот на дрво, механичката оптеретеност и изложеноста на влажност. Кујнските елементи кои се често изложени на влажност мора да се премачкуваат почесто.

Belinka oils се направени од природни состојки и не претставуваат опасност за здравјето и околината.


Предупредување

Крпите потопени со масло мора да се накиснат во вода или да се изгорат по употребата, бидејќи во спротивно можно е спонтано да се запалат.