Meni

Правно известување


 

Оваа веб страна содржи општи информации за Belinka – Belles, d.o.o. и нејзините здружени компании, работата на споменатите компании и нивните производи. Известувањето се однесува на сите кои ја посетуваат веб-страницата; Ве молиме внимателно да го прочитате. Со користењето на веб-страницата www.belinka.com корисникот потврдува дека ги прифаќа и се согласува со условите одредени овде.

 

Општи одредби и услови

BELINKA-BELLES General terms and conditions

 

Податоци за компанијата

Име на компанијата: BELINKA-BELLES proizvodnja kemičnih izdelkov, d.o.o.

Регистарски број: 5487846000

Даночен број: SI 85413534

Број на внес: 11227700, Sodni register, Okrožno sodišče v Ljubljani

Главно седиште: Ljubljana

Деловна адреса: Zasavska cesta 95, 1231 Ljubljana – Črnuče

Телефонски број: +386 (0)1 588 62 99

Факс: +386 (0)1 588 63 03

Е-пошта: belles@belinka.si

 

Правни информации

Сите права се задржани. Известувањето се однесува на почетната страница и сите под-страници на веб-страницата www.belinka.com. Сите информации и материјали (текстуални и сликовни) на веб-страницата www.belinka.com се заштитени со авторски права и сродни права и/или право на индустриска сопственост кои ги поседува Belinka – Belles, d.o.o. и/или нејзините здружени компании. Корисниците може да ја користат веб-страницата www.belinka.com единствено за нивни лични, некомерцијални цели. Користењето на веб-страницата www.belinka.com на било кој друг начин, особено за комерцијални цели, е забрането.

 
Ограничено користење на информациите и материјалите

Сите информации и материјали (текстуални и сликовни) кои се објавени на веб-страницата www.belinka.com може единствено да се умножуваат за некомерцијални цели, во што треба да се задржат сите наведени предупредувања за авторското право и сродните права и/или правото на индустриска сопственост. Споменатите информации и материјали не смеат да се копираат, умножуваат или да се дистрибуираат на некаков друг начин за комерцијални цели без да се добие јасно, писмено овластување од www.belinka.com и/или нејзините здружени компании.

Секое копирање на содржината или дел од содржината на веб-страницата мора да се обележи со знакот на www.belinka.com, во согласност со правилата на идентитетот на компанијата – сите права се задржани. Веб-страницата www.belinka.com исто така содржи и информации од трета страница и линкови до веб-страници од трети лица, според што www.belinka.com не сноси одговорност за нивната содржина и не може да даде никаква гаранција во врска со ова. При посетувањето и користењето на споменатите поврзани веб-страници, одговорноста на Belinka – Belles, d.o.o. е целосно исклучена.

Belinka – Belles, d.o.o. може во било кое време да го измени ова правно известување, и тоа е обврзувачко за сите корисници во неговата валидна форма во моментот; поради тоа, им се советува на корисниците да се запознаат внимателно со неговата содржина при секоја посета на веб-страницата www.belinka.com. Забрането е користење на веб-страницата www.belinka.com кое е во спротивност со правилата поставени овде. Корисникот кој ќе ја користи веб-страницата www.belinka.com спротивно на правилата поставени овде, сноси целосна одговорност за неговите дела.

 
Ограничена одговорност

Сите информации и материјали на веб-страницата www.belinka.com служат само за информативни цели. Belinka – Belles, d.o.o. се посветени на обезбедувањето на точни, ажурирани и целосни податоци на нивната веб-страница www.belinka.com, меѓутоа не можат да ја гарантираат нивната точност и комплетност, и не превземаат никаква одговорност во врска со ова.

Корисниците ја користат веб-страницата www.belinka.com и содржината објавена на споменатата веб-страница на нивна сопствена одговорност. Ниту Belinka – Belles, d.o.o. ни било кое друго правно или физичко лице кое што придонело за создавањето и замислата на оваа веб-страница, или кое што сѐ уште соработува на нејзиното ажурирање, не сноси одговорност за било каква штета која што може да произлезе од отворањето, користењето или од неможноста да се користат информациите на овие веб-страници, или за било кој вид на грешка или пропуст во нејзината содржина.

Belinka – Belles, d.o.o. не сноси одговорност за било каква штета (вклучувајќи ја и таа која ја предизвикуваат вируси) која може да ја претрпи корисникот на неговиот софтвер, мобилен телефон или било кој друг уред и/или апликација со која се служи за да ја отвори споменатата веб-страница, која произлегува од посетувањето или користењето на веб-страницата www.belinka.com. Покрај тоа, Belinka – Belles, d.o.o. не сноси одговорност за било кој друг вид на штета која што може да ја предизвика користењето или неможноста да се користи веб-страницата www.belinka.com. Belinka – Belles, d.o.o. го задржува правото во било кое време да ја измени веб-страницата www.belinka.com на било каков начин и независно од причината, без претходна најава, и не превзема никаква одговорност за последиците од таквите измени.