Како почнувате да премачкувате?

По изборот на квалитетно дрво и правилното вградување на дрвото настапува време за премачкување на дрвото.

Но како ќе започнете? Повеќе за тоа ќе прочитате во поглавјето Како почнувате да премачкувате.

Најнапред ќе дознаете како да ги изберете првите премази, како да се подготвите за работа, кое орудие ќе го употребите, на кој начин ќе ја подготвите површината и се` до тоа колкава е препорачаната дебелина на премазите и кои климатски услови се најповолни за премачкување.

Како ќе изберете најпримерни премази?
Подготовка за работа
Какво орудие ви треба за премачкување?
Како ќе ја подготвите површината?
Колкава треба да биде дебелината на премазите?
Во какви климатски услови смее да се премачкува?


Како ќе изберете најпримерни премази?

Во зависност од околината во која ќе го вградите дрвото и од желбата како сакате тоа да изгледа го избирате и најсоодветниот премаз или комбинација на премази.

Ако сакате структурата на дрвото по премачкувањето да остане видлива, изберете лазура. Ако пак сакате интензивни тонови на бои што ќе го покријат дрвото, тогаш изберете покривна боја. Ако имате желба премазот да е еколошки, благотворен за околината и здравјето – изберете производи врз основа на вода. Во зависност од тоа дали дрвото ќе биде изложено на влага,определете се и за употреба на примерна импрегнација.


Подготовка за работа

Пред да започнете да премачкувате заштитете ги сите делови на елементи што не сакате да ги бојадисувате. Употребетеи пропишани средства за лична заштита.

Препорачуваме да се придржувате кон упатството на пакувањето, кај поделикатна работа запознајте се и со Техничките информации на производителот. Знајте дека може да мешатесамо исти производи еден со друг.


Какво орудие ви треба за премачкување?

Ако за премачкување на дрвото употребувате производи што содржат органски растворувачи, …

… тогаш за нивното нанесување изберете четки од приридни влакна, ако пак сте избрале производи врз водна основа, употребете четки со расцепени синтенички влакна или кратковлакнест валјак од велур.

Кога брусите исушени водни производи препорачуваме да употребите брусна хартија за акрилни премази.

img2629[1]
Ако за премачкување на дрвото употребувате производи што содржат органски растворувачи, тогаш за нивното нанесување изберете четки од приридни влакна.

img1498[1]
Aко пак сте избрале производи врз водна основа, употребете четки со расцепени синтенички влакна или кратковлакнест валјак од велур.


Како ќе ја подготвите површината?

Крајниот резултат ќе биде најдобар ако најнапред се погрижите за правилна подготовка на површината, дури потоа започнете да премачкувате.

Пред да започнете да нанесувате премази уверете се дека дрвото е суво. Купените дрвените елементи или оние што ви ги изработил столар, најчесто, се веќе избрусени. За добар завршен изглед на елементот е важно површината на дрвото да е што помазна. Ако пак не е таква, избрусете ја додатно. Потоа грижливо отстранете го правот, најдобро е со примерна четка, сокрпа или доброиздувајте ја површината со воздух.

Ако сте го направиле тоа со истата четка со која потоа сте мислеле и да премачкувате, тогаш по чистењето на правот најнапред добро исчистете ја четката. Пред да започнете да премачкувате уверете се дали површината на дрвото и работното орудие (четка или валјак) се сосем чисти, без фатени остатоци што би го намалиле фаќањето на премазот врз подлогата.


Колкава треба да биде дебелината на премазите?

Премазот претставува преграда меѓу околината и материјалот што го заштитувате и затоа неговата дебелина е непосредно поврзана со неговата ефикасност.

Дебелината на потребниот слој зависи од избраниот премаз, а тој, премазот, не смее ниту да е предебел,ниту претенок.

Ако нанесете премногу дебел слој, премазот ќе почне да се лупи; ако пак е претенок, прамазот пребрзо се уништува. Во двата случаја премазите не му даваат достатна заштита на дрвото и затоа тоа побрзо почнува на гние. За да ја постигнете потребната дебелина на премазот најважно е да се придржувате кон упатството за препорачаното количество на трошење што е отпечатено на пакувањето на секој одделен производ.

BELTOP 0,75 SATURNUS BAL.XP


Во какви климатски услови смее да се премачкува?

Најпогодни температури за премачкување на дрвото се од 20 до 25 oC, при релативна влажност на воздухот меѓу 60 и 65 %.

Избегнувајте да премачкувате на директно и моќно сонце и при ниски температури, зашто при ниски температури премазите подолго се сушат, додека при повисоки времето за сушење е покусо. Важна е, исто така и влажноста на воздухот и на самиот материјал што го премчкувате. Не е дозволено да се работи во влажни услови (температура на росење), кога површините се мокри или заледени.

Премачкување при ниски температури
При премачкувањето имајте ги предвид ниските температури и специфичните климатски услови. Наесен влагата е поголема, температурите на воздухот пак пониски, последично е пониска и температурата на подлогата, врз која го нанесувате премазот. Од тие причини не советуваме да премачкувате во месеците кога температурите се околу точката на замрзнување.

Во случај кога дрвените елементи секако бараат веднаш да бидат премачани,препорачуваме да започнете да работите околу пладне, кога воздухот е малку потопол и подлогата посува. Поради ниските температури и зголемената влага во воздухот времето за сушење на премазот е многу подолго,. Вториот, односно третиот слој на премазот се нанесува дури по неколку дена, односно додека подлогата сосем не е исушена.

Премачкување во топли денови
Најпогодно време за премачкување е напролет или наесен, кога температурите уште не се превисоки, а воздухот е со примерна влажност.

Лете, кога температурите се релативно високи, препорачуваме да избегнувате да премачкувате дрво што е изложрно на директно сонце. Поради високите дневнитемператури и температурата на дрвото е многу повисока. Растворувачот брзо испарува и затоа создавањето на филмот не е идеално. Како последица, заштитата е понеквалитетна (помало пенетрирање), постојаноста на премазот е пократкотрајна.

Ако и покјрај тоа решите да премачкувате во летните месеци, ви предлагаме да почнете да работите рано наутро или приквечер, кога температурата на воздухот е малку пониска, а идрвото е оладено.

Влажноста на воздухот при примачкувањето
Количеството на влага во воздухот има големо влијание врз времето на сушење на премазите. Колку што е поголем процентот на влага во воздухот толку подолго трае сушењето на премазот. Во нормални временски услови советуваме времето за сушење на одделен слој да е барем 1 ден, додекапретходниот слој добро не се исуши, кога врне дожд е најдобро времето на сушење меѓу одделните слоеви да биде уште подолго.

Кај поголема влажност бидете особено внимателни, ако премачкувате со премази врз водна основа. Кога врне дожд или се подготвува невреме, или веднаш по бура – кога водата забрзано се испарува, влажноста во воздухот е повисока и од 85 %, затоане советуваме да работите во такви услови.