Meni

Уште пред да започнете да премачкувате?

Во поглавјето со наслов Уште пред да започнете да премачкувате ќе се запознаете какво дрво треба да изберете и колку е важно правилното вградување на дрвото, односно, конструкциска заштита на дрвото.

Какво дрво да изберете?
Правилно вградување, односно конструкциска заштита на дрвото


Какво дрво да изберете?

Првиот чекор за долготрајна заштита на дрвените елементи, несомнено, е изборот на дрвото По можност нека биде од прва квалитативна категорија.

Дрвото да е сечено во правилен годишен период (кога дрвјата одмораат и затоа во нив нема многу сокови), правилно да е сечено, правилно обработено и да е суво.


Правилно вградување, односно конструкциска заштита на дрвото

Конструкциска заштита значи дека уште при вградувањето на дрвото се преземени мерки за придржување кон одредени препораки што влијаат за продолжуивање на неговиот век на траење.

Дрвото се вградува така што да нема непосреден контакт со земјата, односно со подлогата (дистантери кај нозете на мебел за градини), да се избегне задржување на вода и снег по водорамните површини (по површината да се заоблени), да има што помалку напречни резови, односно челни резови непосредно изложени на временско влијание (тие нека се додатно и механички заштитени).

Со правилното вградување, т.н. конструкциска заштита на дрвениот елемент се спречува влагата да се задржување по дрвото, со што се намалува и можноста за развој на дрвни штетници во критичните точки, последично и гниење на дрвото.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
img1463[1]
OLYMPUS DIGITAL CAMERA