Belles

Belles е безбоен импрегнациски премаз и е наменет за основна превентивна заштита на дрвото што е посредно или непосредно изложено на временско влијание и пропаѓање.

  • превентивно го штити дрвото од помодрување, инсекти и од габички
  • содржи најсовремени биоциди
  • го подобрува врзувањето на завршите премази врз површината на дрвото

Содржи најсовремени биоциди и го штити дрвото од биолошки штеточини, од помодрување, од габички и инсекти. Belles е универзална подлога, што го подобрува фаќањето на следните премази врз подлогата.

По правило, Belles не се употребува самостојно, освен кај заштита на конструкциско дрво, во сите други случаи препорачуваме уште и додатна заштита со еден од површинските премази на Belinkа, што го штити дрвото од временски влијанија и од УВ зраци и истовремено твори и преграда, што овозможува биоцидите да останат во дрвото и да не доаѓаат во непосреден допир со околината.

Не е препорчливо Belles да се употребува во простории за живеење, освен за помали површини (на пример, прозорци, врати) и во влажни простории што не се наменети за подолго задржување на луѓе (визби, бањи).